Print this page

Продажба и маркетинг на услуги

Секоја компанија има своја мисија што ја одредува линијата на производи и услуги и

пазарот каде што ќе настапува, за да ги оствари поставените цели и задачи, првично

заради опстанок, а во иднина создавање на профит, раст и развој на дејноста.

Директната продажба претставува директна комуникација помеѓу маркетинг-

агентите и индивидуалните потрошувачи на производи или услуги и се реализира по

пат на двонасочна комуникација вклучувајќи комуникација преку телефон или

e-пошта.

Со услугите се среќаваме насекаде тргнувајќи од посета на доктор, ручек во омилениот

ресторан, користење на такси-превоз итн. Сето ова ги сочинува услугите во нашето

постојано живеење. Развиените земји сè повеќе откриваат дека нивниот услужен

 

сектор зазема најголем дел од нивниот национален доход – БДП, затоа тие постојано

работат на подобрување на квалитетот на нивните услуги, а со цел постигнување на

подобар бенефит/резултат на целокупното стопанство во државата.

Услугата станува основен фактор за зголемување на задоволството на

потрошувачот, како и постигнување на подобра конкурентска предност на пазарот за

одредена компанија и задржување на веќе стекнатата позиција на пазарот која ќе ја

зголеми вредноста на компанијата.

Со развојот на технологијата, како и со промените настанати во стопанското

работење, сè повеќе се актуализира значењето и улогата на Секторот услуги.