
ДЕНИТА КОНСАЛТИНГ е бизнис креатор со цел да помогне во развојот и напредокот на микро, малите и средни претпријатија, преку Маркетинг и Менаџмент дисциплини, вклучувајќи ја контролата и управувањето со Финансиите како клучен фактор во одржување, раст и развој на бизнисите на пазарот. Ние, тука сме да помогнеме компаниите да растат, да се менуваат и да се подобруваат, преку подобро искористување на ресурсите и подобрување на процесот на работа што доведува до успех. Им помагаме на менаџерите и на вработените да се развиваат, со подобрување на нивната ефикасност и продуктивност. Ги насочуваме менаџерите и тимовите низ процес на систематски промени се додека не ја постигнат посакуваната дестинација, што е клуч за успех. Целта е, да им се помогне на клиентите да создадат заедничка визија, цел кон стратегија и нејзина реализација. Нашите активности вообичаено започнуваат со Анализа на работењето, пронаоѓање на негативните појави и нивно разрешување со нови идеи за бизнис модел и организациска структура според дадени конкретни можности за раст. Нашите активности се состојат од повеќе дисциплини како што се: истражување и развој на нови бизнис линии, стратешко планирање, управување со процес на работа, развој на производи и услуги, управување со ресурси, маркетинг, продажба и обезбедување на квалитет. Целта на нашите активности се : конкретни цели и резултати во бизнисот, развој на бизнисот, развој на логистиката, реорганизација, развој на сектори, одделенија и служби, развој на системи и алатки за управување, стандардизација на деловни процеси, зголемување на квалитетот, на ефикасноста и продуктивноста, зголемување на приходите и профитот. Вршиме обука и советување на раководните и нераководните кадри. Им помагаме во подобрување на нивните способности, со цел создавање на лидери и победнички тимови, со добивање на практични знаења и вештини кои ќе им помогнат да дадат подобри резултати во нивната работа.

