Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените како клучен фактор за развојот на претпријатијата

Менаџерите се тие кои треба да изнајдат начин како да ги разберат своите вработени, односно што ги мотивира. Тоа што е мотив за менаџерите, не значи дека е доволен мотив и за останатите вработени. Мотивацијата е процес кој често е поврзан со системот за наградување, но во некои ситуации е независен од наградите. Современиот менаџмент сè повеќе го заменува терминот награда со терминот резултат бидејќи тој е поблиску до процесот на мотивација. Во практиката мислењата на менаџерите и на вработените се различни во однос на задоволството од работата.

Освен финансиската награда со цел да го подобрат мотивирањето на вработените, менаџерите треба да ги земат во предвид и следните мотивирачки фактори: предизвици во работењето, самореализација, поткрепа со признанија и активно учество во процесите на организацијата, односно да се биде дел од организацијата. За подобрување на мотивацијата менаџментот користи :

-ДЕСЕТ ЧЕКОРИ ЗА МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ.